Мицкоски: Насилнички, со целосно газење на волјата на народот тргнаа да го менуваат името и идентитетот

Насилнички, со целосно газење на волјата на народот тргнаа да го менуваат името и идентитетот, беше една од пораките кои ги испрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната 27ма по ред годишна конференција на Унијата на млади сили. Мицковски посочи дека она што најмногу боли е тоа што во очи го лажат и понижуваат народот, додека ја кршат кичмата, додека го стегаат ременот, и го одземаат воздухот, истакна тој од Македонскиот народен театар.

Онака насилнички, со целосно газење на волјата на народот тргнаа да го менуваат името и идентитетот. Најлажливо креваа димни завеси, правеа операции, се препелкаа во сопствената жива кал само да го намалат срамот. Ама срамот со промената стои, останува, не се трга таа лузна испишана во душата на секој Македонец. Боли затоа што името е во прашање, но и идентитетот, нашето минато, културно историско наследтсво, историја и образование, вели Мицкоски.
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на лошата економска политика која ја води власта, истакна дека сиромашатијата галопира и дека и наредната година, исто како и оваа ќе била катастрофална и погубна. Мицкоски се осврна и правниот систем во државава кој според него е во распад бидејќи политиката управувала со него.

Се задолжуваат, но никаде ги нема парите во реалниот живот. Нема проекти, нема квалитетни реформи. Пари се зајмуваат, а парите не се трошат на проекти, Значи парите се крадат! Животот станува потежок. Индексите на трошоците и индексите на цените на мало растат. Порано во продавница можеше да се купат намирници за 500 денари, денес 1.500 се малку. Тоа е она што го мачи народот. Немањето пари, ниту перспектива. Тоа е реалниот проблем на реалниот граѓанин.Со зголемените даноци се врши атентат врз бизнисот и куповната моќ на граѓаните. Голема лага е тврдењето на Владата дека ќе се зема од богатите за да се даде на посиромашните, истакна Мицкоски.
Мицкоски во својот говор упати порака до граѓаните, каде вели дека ВМРО-ДПМНЕ е разбудено, на нозе, помеѓу народот и ја запали искрата која ќе ја донесе зората која ќе ги победи црнилата кои надвиснале над Македонија, истакна тој и посочи дека ќе победат на претседателските, но и на предвремените парламентарни избори.