Мицкоски: Македонија е завиена во црно-Заев продаде, погази и уништи се!

Господине Заев, Македонија денеска не слави! Македонија денеска е завиена во црно бидејќи Вие продадовте, погазивте и уништивте се, предупреди лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е срамно што Заев предвреме ја преименува својата татковина, на се уште не стапен во сила договор.

-Само Зоран Заев, политичар аболиран за тежок криминал, кој влече сериозни хипотеки зад себе може да прославува и да се гордее што го променил името и идентитетот на сопствената земја. Само Зоран Заев, кој се колнеше во татковци и дедовци дека немало да го чепка вековното име може да се гордее и да се обраќа како премиер на нова земја Северна Македонија. Само Зоран Заев, кој ветуваше дека македонскиот Устав бил европски, може да се фали со притисоците, заканите и непринципиелните пазарења со кои што ја погази јасно изразената волја на граѓаните на референдумот од 8 септември 1991 година и 30 септември 2018 година, изјави Заев.

Опозицискиот лидер му порача на премиерот Заев дека е готов, дека тоа го знаат сите, а набрзо и тој самиот ќе го дознаел. Порачувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ и мнозинството од македонскиот народ и граѓани на Македонија не го поддржале овој договор, дека ќе остане запишано дека 81 човек во Собранието го сменија името, а не граѓаните на оваа држава.

-Оваа влада беше за едно прашање, и тоа прашање го решивте катастрофално, преку промена на име, идентитет, јазик, историја, култура, образование, промена на се што е македонско. И овој рок и оваа задача сега завршува. Токму затоа оваа влада на СДСМ која ја предводиш ти толку силно ќе падне што прашање е дали нешто ќе остане од СДСМ. Останува запишано дека промената на Уставот со цел промена на уставното име се направи на противуставен, противзаконски, нелегитимен, насилен и криминален начин, по пат на притисоци, закани, уцени и пазарења, изјави Заев.

Мицкоски покрај промената на уставот говореше и за другите проблеми кои ги има државата и побара од Заев, уште во понеделник да се распушти Собранието и да се распишат предвремени парламентарни избори, во исто време со претседателските.

Матеја Петровски