Мицкоски: Кога е правосудството во прашање луѓе го губат својот образ и човечкото достоинство

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ потсети како оваа влада предводена од СДСМ го започна својот мандат односно дека рекле дека е откриен уред за прислушкување на судии и обвинители.

-Како го започна мандатот оваа влада се сеќавате? Кога рече дека откриен е уред за прислушкување на обвинители и судии. Знае некој што се случи со тоа?Јас знам дека тоа е во фиока, тоа е официјалното објаснување, рече тој.

Мицкоски во текот на своето гостување потенцираше дека судиите и обвинителите ја пропуштија шансата да ја докажат својата професионалност бидејќи беа насочени кон тоа да им се допаднат на политичките елити.

-Тоа е посебно што таа фела навистина испушти шансата да покаже и докаже дека може да биде над ситуацијата. Зборам за обвинителите и судиите, бидејќи нема потреба од толку вовлекување на политичките елити за да бидат утре обвинители и судии, апсолутно никаква потреба нема. Има поединци кои што губат и свој образ и човечко достоинство и се, само за да напредуваат чекор повеќе, од Основен во Апелационен, од Апелационен во Врховен или од Основно обвинителство во Вишо и така натаму. Се губи она елементарно човечко достоинство. Во ред е да имаш амбиција, тоа е природно, човечки, ама тоа да има природен тек, не можеш ти по секоја цена сега црното, бело да го правиш, зошто, затоа што така некој ти наредил и да си играш со човечки судибини, додаде тој.

Advertisements