НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мицкоски и Kовачевски утре седнуваат на иста маса, тешко дека ќе се дојде до било каков договор

Уставни измени под бугарски диктат нема да има – Вмро-Дмне да гласа за Уставот и да се качи на европскиот воз – со вакви ставови утре во 11 часот Ковачевски и Мицкоски седнуваат на тет а тет средба во клубот на пратеници.

Имајќи в предвид дека двајцата лидери се далеку од било какво приближување на ставовите, малкумина очекуваат да има некакво поместување или евентуален договор. Средбата ќе биде од потесен формат, односно на неа ќе бидат само првиот човек на владата, Ковачевски и лидерот на Вмро-Дпмне, Мицкоски. Двете теми на разговор, како што соопшти премиерот, ќе биле носењето одлуки за европска интеграција на државата, и активностите на сите политички чинители во државата во врска со односите со соседите. Претседателот на владата очекува на средбата, лидерите да нашле заеднички јазик, вели “ очекувам да разговараме отворено за сите теми бидејќи се значајни. Се надевам дека ќе дојдеме до заеднички јазик за тоа на кој начин треба да продолжиме со интеграција. инаку, ќе имаме изолација”.

Додека Ковачевски се надева на уставни измени и вметнување на Бугарите во Уставот, Вмро-Дпмне останува со непроменет став, дека народот е против уставните измени, посебно што тие се прават под уцена и затоа нема да го гласааат. Од партијата очекуваат да се разговара што и како ќе се случува откако нема да поминат уставните измени. Претседателот на партијата, Мицкоски порача дека Македонија не е на распродажба и нема да дозволи да се прави крпа од волјата на народот. Ги повтори добро познатите позиции во пресрет на лидерската средба во однос на уставните измени , и упати порака и до меѓународниот фактор вели ги разбира позициите , но Македонија мора да има исти третман  како и сите други земји кои пристапувале кон ЕУ. Повика и на формирање на пакт за национално и државно единство со сите некриминализирани сегменти од политичките партии во државата . По 20 години власт, според него време е ДУИ да оди во опозиција.