Мицкоски: Илинден е најсветол ден во македонската историја, симбол на борбата за слобода и државност

Она што денес ни се случува со Македонија е едно историско дежа ву на сите аспирации на дел од соседите кои не прателе како проклетство низ вековите. Не е проблем што тие удираат, но болката е што одвнатре Македонија е распродавана. Владеачката елита преку трговија со најскапото ја задржува власта.Во овие 5 години оваа власт е најразорната атомска катастрофа која Македонија во не само економски, туку политички контекст ја уназади децениски, правејќи штета по нашите стратешки позиции за кои ќе бидат потребни нови децении заедничка битка да се повратат. И кога тргуваа со заедничкото за нивна лична корист, го убиваа духот на Македонецот, го убиваа тој ентузијазам за новата држава – порача од Ташмаруништа, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски.

И сега кој е повеќе за Европската Унија? Ние кои треперевме за идејата да имаме своја независна и суверена држава Македонија која ќе биде дел од семејството на Европската Унија, со зачувано достоинство, име и идентитет, или овие кои сега ја водат земјата, а кои нема Европска вредност која не ја погазија, поплукаа, или идентитетска вредност која не ја начнаа или истргуваа само за да продлжат со богатењето на грбот на народот и неговата колективна среќа“ – рече Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Власта има стратегија да постигне две цели, првата да ја обвини ЕУ и меѓународната заедница дека тие се виновни за ова што и се случува денес на Македонија и второ да го нападне ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата дека недоволно се бори за македонскиот национален идентитет, а позади завесата го подготвуваа завршниот чин на предавството кое го завршија оваа година. Не е виновна ЕУ за ова што денес и се случува на Македонија и македонскиот народ, виновникот има име и презиме, Пендаровски, Ковачевски, Османи, Заев,а политичката партија се вика СДСМ.

 „Јавно повикувам да поддржиме референдум, сите заедно да повикаме и на народот да му дадеме шанса да донесе одлука. И сакам народот да биде спокоен, без оглед на тоа што ќе смисли оваа власт како опструкција или отпор за референдумот, гаранцијата, блокадата на уставните измени од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата останува.нема промена на уставот под овие околности по ниту една цена“ – рече Мицкоски.

Излезот е избори и мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во парламентот како гаранција дека Македонија ќе го врати загубеното. Од крадци како овие на власт европејци не бива. Втората работа која ќе се обидат да ја прават е да не прикажат за радикали и да внесат етнички поделби. Не верувајте ниту во ова. Да се избориме за уште еден нов Илинден каде ќе имаме победа на Македонија над сите неправди, инсталации, и сили кои не влечат надолу -заврши Мицкоски поздравувајќи го бројниот народ кој во Ташмаруништа традиционално го чествуваше големиот Илинден.

Росица Голабоска