Мицкоски: Извршниот комитет ќе расрава за референдумот и притисокот врз пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Предлогот за референдумско изјаснување, палењето на автомобили во Прилеп кој наликува на Бејрут во најлошите времиња, економската криза: ова ќе бидат главните теми за кои ќе расправа највисокото партиско тело на ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот Христијан Мицкоски најави дека главна тема на дискусија ќе биде притисокот кој се прави врз народните избраници од ВМРО-ДПМНЕ.

„Да, денеска имаме седница на Извршниот комитет од деветнаесет часот, утре е Централниот комитет ќе разговараме за актуелните случувања исто така би сакал Извршниот комитет да се произнесе и за палењето на возилото на пратеникот во Прилеп, Прилеп овие денови е како Бејрут во најлошите времиња, денеска повторно ново возило е запалено, односно во текот на ноќта. Исто така за предлог за референдумско изјаснување да видиме каков тип на референдум, кога би го почнале, како би го почнале, на што би се насочиле, на што би се фокусирале и тн да слушнеме членовите на Извршниот комитет на партијата што мислат и нормално анализа на актуелната политичко економска состојба во државата што е стандардна тема во тие неколку часови кога Извршниот комитет заседава. Бидејќи состојбата со економијата, ајде еве ако ја тргнеме политиката на страна која што е катастрофална е исто така апокалиптична “ нагласи Мицкоски.

Лидерот на најголемата опозициска партија беше дециден дека Македонскиот јазик е стандардизиран и кодифициран а воедно вели и дека не ја разбира потребата на владата да го појаснува тоа.Токму тоа според Мицкоски е причината зашто реагираат научните работници од лингвистиката за изјавата на Владата за македонскиот јазик.

„Пред овој настан баш бев во таква баш научна институција, го завршувавме семестарот и имав можност да разговарам со други научни работници и инженери, не лингвисти, луѓе кои што животот го посветиле на истражување на македонскиот јазик. Но, овие се инженери и онака со згрозување гледаат буквално на тоа што се случуваше изминатите денови. Просто на луѓето не им се верува дека некој македонски политичар може да стави потпис на таков документ како што стави оваа Влада. Посебно се потресени од едностраната изјава на Владата за значењето на македонскиот јазик. И не знам зошто е потребно македонската Влада да го појаснува македонскиот јазик, да го дополнува итн. Кога македонскиот јазик има своја јасна антропологија уште во времето на многу преродбеници во минатото и кодифициран и стандардизиран“, додава Мицкоски.

Токму актуелните политички и економски прашања како и прашањето за референдум ќе бидат ставени на маса и утре кога треба да заседава Централниот комитет на партијата.

Викторија Миткова

Поврзани вести