Мицкоски: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира реалокација на средствата од централниот буџет во општините за капитални проекти
Реалокација и инвестирање од страна на централниот буџет во општините во Македонија не помалку од 250 милиони евра на годишно ниво по промената на централната власт, а наменети за капитални инвестиции, најави денеска од Прилеп, претеседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„И овдека во Прилеп се планирани за проекти коишто идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да ги реализира во вредност од 8 до 8,5 милиони евра на годишно ниво што би значело помеѓу 32 и 35 милиони евра за еден мандат. Тоа се капитални инвестиции кои што надвор од буџетот на општината директно државата ќе ги инвестира за подобар живот и подбри услови за живот на прилепчани и на сите оние кои што се дел од општина Прилеп“, – кажа Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски, извршувајќи увид во досега реализираните проекти во општина Прилеп, изрази задоволство од сработено, бидејќи како што рече, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ работат во исклучително тешки услови и со бројни опструкции од централната власт.
„Само така да продолжат, бидејќи само така можеме да покажеме дека не се сите исти, туку напротив, дека има луѓе кои што навистина се грижат за народот, кои што се борат, во случајов за прилепчани, за Македонија и кои што сакаат да успее Македонија, кои што градат, а има и такви, како што се овие од коалцијата на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДСМ, кои што имаат само една опција, а тоа е да крадат“, рече Мицкоски.
Градоначалникот на Прилеп пак, Борче Јовчески, кажа дека досега биле реализирини поголемиот дел од ветените проекти за оваа година, особено во рехабилитацијата на локалната патна инфраструктура. А веќе за од наредниот месец најави и изградба на нов кружен тек во строгиот центар од градот, поточно пред ЦК „Марко Цепенков“.
„Со што навистина би го растовариле сообраќајниот режим во овој дел од градот. ЛС одвои оклу 5 милиони денари за реализација на овој проект“, посочи Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.
При денешната работна посета на Прилеп, Мицкоски ги изрази и сомнежите околу финиширањето на Експресниот пат Прилеп-Градско, бидејќи како што рече, иако тој требаше да биде готов месецов, ама и по 7 години, далеку бил од готов. Мицкоски го искритикува и министерот за земјоделие за кого рече дека само декларативно се грижи за македонските земјоделци кога само за заостанати субвенции државата на земјоделците им должи преку 65 милиони евра.
Каролина Дурло