Мицкоски: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има намера да инвестира повеќе од 250 милиони евра годишно во локални проекти

„Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ има сериозна намера повеќе од 250 милиони евра годишно да инвестира во локални проекти“. Ваква порака испрати лидерот на ВМРО ДПМНЕ од скопската општина Ѓорче Петров, каде придружуван од градоначалникот Александар Стојкоски зборуваше за политики и проекти насочени кон граѓаните и нивните реални потреби:

„Вакви проекти како што се овие, улици, канализации, водоводи. Бидејќи граѓаните во Македонија се соочуваат со немање основни услови за живот. Тоа е суштината која што повеќе од три децении е заборавена. Бркајќи провизии на крупни проекти, политичарите повеќе од три децении заборавиле на овие луѓе кои што еве денеска одејќи наваму м и рекоа конечно после пет децении добиваме и ние улица. Замислете во 21-от век зборуваме за нешто што треба да биде основа, а не да биде привилегија. Така што ќе ми дозволите уште еднаш да му честитам на Александар, на дел од советниците, на администрацијата, советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Град Скопје, пратениците, потпретседателот Мисајлоски, Стојаноски, и сите оние кои што даваат своја додадена вредност во општина Ѓорче Петров“, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ оддаде признание за напорите на сите оние кои ангажирано и посветено се залагаат за денар повеќе за оваа скопска општина, но и предупреди дека за жал имаме работа со Влада што е комплетно ненародна и гледа како да ги казни сопствените граѓани зошто тие во 2021 година гласале за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата што која предводи ВМРО-ДПМНЕ:

Но, добрата вест е што за неколку месеци од денеска оваа криминална Влада на ДУИ поддржана од СДС ќе замине, ќе замине и нема повеќе да биде реалност. И тогаш доаѓа Влада на ВМРО-ДПМНЕ која што има намера да биде Влада за сите граѓани во Македонија без разлика дали општината има градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, од СДС, од ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА или е некој независен градоначалник. Не значи ако граѓаните гласаат против политичката опција која што е Влада дека Владата треба тие граѓани да ги казнува. Сите граѓани во Македонија се граѓани кои што треба да ги поддржува Владата, потенцираше Мицкоски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста