Мицкоски за протоколот: Дипломатски нокаут и капитулација

Македонија со Протоколот ќе треба да исполнува бугарски желби, ја отвора вратата за преговори на Албанија ама не и за нашата држава, предупредува претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Лидерот на најголемата опозициска партија алармира дека парафот на контроверзниот документ е дипломатска капитулација и нокаут за Македонија. Дека тоа е така вели, ни кажала и бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска која поцтори декка Македонија ќе може да преговара со Брисел, амна дури откако ќе ги спроведе уставните промени:

  • Тој протокол ја отвори вратата за преговори на Албанија а ја подзатвори за Македонија бидејќи како што и самата Генчовска кажа вистинската меѓувладина конференција ќе се одржи после промената на Уставот, а тоа дека нема да се случи е гарант на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бидејќи власта нема две третини во парламентот. Генчовска даде пример дека не го признаваат македонскиот јазик, дали ние реципрочно ќе одговориме дека не го признаваме бугарскиот јазик? Генчовска бара да бидат Бугарите дел од преамбулата и од нормативниот дел од уставот а истовремено бара ние да се откажеме од нашите Македонци во Бугарија. Дали е тоа реципроцитет, и можам да ви редам уште многу вакви примери и во делот на историските факти и во делот на промена на учебниците. Во суштина, зборуваме за дипломатска капитулација и нокаут, вели Мицкоски.

Мицкоски вели дека остануваат на барањето да се промени Преговарачката рамка пред да биде усвоена, а и гарантира дека отворањето на Уставот нема да се оствари, бидејќи  владејачките партии го немаат дво-третинското мнозинство.

  • Процесот за билатерални преговори со Бугарија и протоколи е еден процес, процесот за менување на Уставот е друг и трет е прифаќање на предлог не и за Македонија. За да ги почнеме преговорите, ќе треба да се промени Уставот, па да се свика Меѓувладина седница, па да биде усвоена преговарачката рамка. Дека нема да биде сменет Уставот, доказ се 44 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, плус пратениците на опозицијата. Преговарачката рамка не е усвоена, бараме да биде променета, додава Мицкоски.

Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ ја напупшти седницата на парламемнтот кога владејачкото мнозинство го усвои скандалозниот план со кој власта доби виза за старт на преговорите. Соаквиот чин според Мицкоски птратениците од ВМРО ДПМНЕ  не сакале да легитимираат политичко дивеење и насилство кое нема никаква врска со иднината на земјава.

Викторија Миткова