Мицкоски за Политика.рс: Никој нема добиено мандат на избори да го менува Уставот

Никој нема добиено мандат на избори да го менува Уставот – дециден е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Интервју за српска „Политика“. Според него, на последните избори, ниту една политичка партија не го претставила тоа како план во својата програма. Токму затоа, Мицкоски смета дека предвремените избори се единствениот начин граѓаните да кажат што мислат и во кој правец треба да се движи Македонија во наредниот период.

„Според последното истражување на јавното мислење, околу 60 отсто од луѓето не се задоволни од работата на владата и нејзините политики. Не се задоволни од економијата, владеењето на правото и исполнувањето на европските критериуми. Ова е дотолку повеќе што треба да имаме избори за одлучување за нова влада, која ќе добие мандат од граѓаните да решава проблеми и предизвици. Во спротивно, Македонија губи време. Доколку не се одржат изборите, ние како држава нема да видиме ништо поразлично од она што го гледаме последните пет-шест години додека оваа влада на СДСМ ја води државата“ – вели Христијан Мицкоски , претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

За „Политика“, Мицкоски вели дека Македонија треба целата своја енергија да ја насочи кон исполнување на европските стандарди. Само тоа била промената што ќе го подобрела животот на граѓаните и ќе ја приближела земјава кон Европа. Притоа додава дека европската интеграција на која било земја, сепак, не треба да биде условена од субјективни политички критериуми, туку од општи и објективни критериуми кои треба да важат за сите. Според него, непринципиелноста може да видеде до друстрација и апатија кај граѓаните. Токму затоа, тој смета дека пред Македонија има сериозен предизвик, да се справи со борбата против организираниот криминал, владеењето на правото, економските и социјалните прашања кои треба да не доближат до европските вредности.

Тања Попова

Advertisements