Мицкоски: Заев нема кредибилитет за зборува за концепти

Ние водиме кампања во која сакаме на граѓаните да им ја преставиме реалната слика што се случува во Република Македонија, а не онаа розевата што владините мегафони со лаги и манипулации сакаат да ја обојат пред граѓаните. И навистина на политичари од профилот на Заев им пречи, бидејќи тие се навикнати само на комплименти, а не се навикнати на аргументирана критика. Ова денеска го рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски при посетата на Битола и средбата со пазарџиите, кога претходно на средба со новинарите, ја искоментира изјавата на Заев за концепт на позитивна кампања, наместо занимавање со минатото.

– Сите концепти кои што ги слушнавме во минатото од овој политичар, видовме дека кога ќе дојде моментот за реализација на тие концепти што ги ветува, не само што нема реализација, туку се случува токму спротивното. Човекот на кого основен атрибут на неговто нитисување му е лагата, зборува за концепти. По малку е комично, но повеќе трагично – рече Христијан Мицкоски.

При оценката за стартот од претседателската кампања, лидерот на најголемата опозициска партија, го оцени како голема злоупотреба на државните ресурси, притисок врз државната и локалната администрација, а меѓу другото, ја спомена и намерната исплатата на лозарите токму на среде кампања, како обид за изборна манипулација.

– Нека се охрабри Зоран Заев и оној негов министер послушник, наместо да купува скапи патики во Дубаи и некое ексклузивно парче гардероба од службените патувања што ги реализира,еве барем се осмели, тоа што го вети, иако со задоцнување од три месеци после голем број произвки од моја страна и на ВМРО ДПМНЕ, конечно во епицентарот на изборната кампања, тоа го реализира. Но, во ред, барем за тие луѓе тоа ќе значи подобар живот и ние ги охрабруваме и понатму да продолжат- рече Мицкоски.

Денеска, караванот на претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ и Колацијата за подобра Македонија Гордана Силјановска Дафкова, ќе ги обиколи пелагониските општини Новаци, Могила и Демир Хисар, додека централниот митинг ќе се одржи вечерва на плоштадот “Магнолија“ во Битола.

Петар Стефановски