Мицкоски: Доколку сум направил нешто незаконско досега ќе бев спектакуларно уапсен и ставен во ќелија со најмизерни услови

Денеска во „Отворено“ на Алфа телевизија гостин на Искра Коровешовска е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој говореше околу информациите дека има некакви криминали.

-Ако сум направил нешто незаконско досега ќе бев на најспектакуларен начин приведен и ќе ја имав ќелијата со најмизерни услови во Шутка.

Тој кажа единствено што се надева е дека ќе добие извинување од СДСМ околу тоа што е кажано за него.

Тој кажа дека е силно мотивиран да им докаже на оние кои се против него дека ќе ја однесе партијата напред.