Мицкоски го повикува Ковачевски да не дезертирал и од ТВ дуел за енергетските проблеми во државата

Ковачевски да не дезертира, како што вообичаено прави, да излезе на дуел за да се соочиме пред граѓаните, па тие сами да проценат кој ја кажува вистината, а кој не. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од општина Јагуновце  уште еднаш го повика премиерот да избере медиум, ден и време за дебата на која ќе ги соочат аргументите, што нуди власта, а што опозицијата за решавање на енергетската криза. Мицкоски ја повика Владата да одговори зошто го одбива понудениот план за справување со енергетската криза и дали можеби во игра се тендери, бизнис зделки или договори во четири очи.

  • Тоа до овој момент владата го одбива. Зошто одбива да заштеди 300 милиони евра, зошто одбива да има поголемо производство на електрична енергија домашно, зошто одбива да има поголем Бруто домашен производ, зошто одбива да нема зголемување на сметките за затоплување и за струја. Тоа треба да даде одговор владата, можеби е повторно некаков тендер во прашање, можеби се некакви бизнис зделки во прашање, можеби некои договор во 4 очи, одговорот на се ова треба да го даде владата, вели Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ ѝ нуди на Владата предлог за заштеда од 300 милиони евра за намалување на енергетската криза и трошоците за производство на струја и топлинска енергија. Таа заштеда, според Мицкоски можат да ја обезбедат преку набавка на мазут за електраната ТЕЦ „Неготино“ и тоа по цена која би била за 200 евра по тон пониска од таа која во моментов се набавува.

  • Повторно молк, немаме одговор од Ковачевски, ниту од владата за мојата понуда пред граѓаните јавно да зборуваме бидејќи во овој случај не е важен ниту Димитар Ковачевски, ниту пак сум јас важен, ниту пак било кој од нас е над интересот на граѓаните и државата, и затоа понудив да излеземе јавно транспарентно да избере време, да избере медиум, јас таму ќе го чекам, го повикувам и сега еве овде од Јегуновце да не дезертира бидејќи тоа му е вообичаена пракса изгледа во неговиот живот да дезертира, еве да не дезертира во овој пат да излеземе и се соочиме пред граѓаните па граѓаните нека одлучат кој ја говори вистината а кој не, рече лидерот на опозиција, Христијан Мицкоски.

Мицкоски предупреди, доколку Владата не реагира на понудата на ВМРО-ДПМНЕ во наредните денови, би можело да биде доцна, особено за индустриските капацитети кои набавуваат струја на слободниот пазар.

Александар Самарџиев

Advertisements