НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мицкоски во ,,Заспиј ако можеш”: СДСМ ги бојадисуваа спомениците на народните херои, а гласаа во Струга за споменик дивоградба за косовски незнаен деец

Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во емисијата „Заспиј ако можеш“ посочи дека СДСМ како шарена револуција ги бојадисуваа спомениците за македонските дејци, а советниците од СДСМ во Советот на Струга гласаа за незнаен косовски јунак.

 -Изграден е тој спомен и советниците на СДСМ во Советот од Струга гласале за тоа. Замислете ги бојадисуваа како шарена револуција спомениците за македонските дејци, но затоа во Советот на општина Струга гласаа за незнаен косовски јунак кој што има споменик во Струга, рече Мицкоски.

Во врска со овој споменик во Струга, Мицкоски посочи дека станува збор за дивоградба.

-Тоа е дивоградба, рече тој.