Мицкоски: „ВМРО-ДПМНЕ не само што е конструктивна, туку е и државотворна опозиција“

„ВМРО-ДПМНЕ не само што се издигна над ситуацијата и за првпат во Македонија покажа државнички карактер на некоја политичка партија туку и од позиција на опозиција решава проблеми, без да ги владее, управува и менаџира институциите“, порача денеска од Прилеп, Христијан Мицкоски, осврнувајќи се на предложените мерки за побезболен излез од сеопштата криза во земјава.

„Ќе ве потсетам, 2016-тата година, овде во Прилеп, памети Прилеп, како опозицијата тогашна – СДСМ, во услови на голема светска криза, и тогаш беше голема светска криза, со обоената револуција уништуваа државен имот, палеа канцеларии на претседател, насилно се однесуваа..што ли уште не правеа за да дојдат до тоа што се денеска, а тоа е можноста да ја уништуваат Македонија, ние ништо не видовме од овие луѓе, освен уништување, срам, предавства, пљачка и терор“, – рече Хистијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Мицкоски, кога власта бара конструктивност од опозицијата треба да знае да прави разлика помеѓу конструктивност и државотворност, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија која тоа го докажала со сетот антикризни мерки кои и’ ги нуди на власта, особено во делот за помош на компаниите со плаќањето на прескапата струја.

Вишоците кои што ги произведува поранешно АД ЕЛЕМ, денешно ЕСЕМ, наместо на сомнителен начин да завршуваат во приватни компании и понатаму некаде на Балканот, да ги отстапи за производната цена  на стопанството за да може стопанството тие вишоци да ги користи и наместо да плаќа цена за струјата од 300, 400 евра за мегават/саат да му плати на ЕСЕМ онолку колку што навистина го чини, а според нашите пресметки тоа би било некаде помеѓу 80 и 90 евра за мв/ч. И не само ноќните вишоци, туку и оние вишои кои се случуваат за време на викендот, посебно во недела…Затоа кога зборуваат за штедење треба да се свртат кон самите себе и да престанат да крадат. Ако престанат да крадат, тогаш ќе има пари за оваа мерка“, посочи Мицкоски.

За оние компании пак, кои и покрај овие вишоци и понатаму ќе имаат потреба да набавуваат струја, Мицкоски смета дека разликата од регулираната до набавената цена, половина треба да  ја плаќа Владата, што според пресметките, државата би ја чинело не повеќе од 50-тина милиони евра. Овие пари, вели Мицкоски, редовно во овие пет години, во првото тромесечие за еден квартал, официјалните лица на оваа Влада ги краделе.

Инаку, Мицкоски денеска најави и пролетна градежна офанзива во Прилеп на 40-тина улици, обиколницата од кај „Сивец“, но и рехабилитација на влезовите во градот од кон Крушево и од Македонски Брод.   

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста