Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да подлегне на притисоците, не прифаќаме бугарски диктати
Тортурата на која власта инсистира од меѓународната заедница да се врши врз ВМРО-ДПМНЕ, нема да успее. Во неможност да ги испорача обврските кои ги презела, сега коленичи пред светот и бара да се изврши притисок врз опозицијата но бадијала, зашто нашите ставови се конзистенти, дециден е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Партијата не прави инает за уставните измени, туку тоа е став зашто така е најправилно и во интерес на државата и на граѓаните, вели лидерот на опозицијата.
- „На состаноците изминатите месеци, ние не читаме поезија, како што веќе имам кажано. Тоа се состаноци на кои аргументирано ја браниме нашата позиција, односно позицијата на огромното мнозинство на македонскиот народ и граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ всушност и нема друга опција, треба со факти и аргументи да се спротивстави на криминалните активности на Владата, која не може да испорача сите работи што ги има преземено презела, а со цел да останат на власт уште ден повеќе за да можат да продолжат да крадат.. Тие коленичат пред светот и ја молат меѓународната заедница да доаѓа во Македонија и да ја притискаат ВМРО-ДПМНЕ, да и прават тортура, а со тоа и врз огромното мнозинство граѓани. Но, ќе ги разочам“, рече Мицкоски.
Наместо да се зборува за реалните економски проблеми, за инфлацијата, за екстремно високите цени на храната, за почеток на учебната година без учебници, за проблемите на земјоделците, граѓаните трпат тортура за прашањето околу уставните измени. Затоа освен предвремени парламентарни избори, други можности за лидерска средба нема. Мицкоски прифаќа и законски измени веднаш за граѓаните да излезат на гласање без техничка влада.
- „Со секој нов ден на одолжување на предвремени избори значат назадуваање на Македонија“ рече Мицкоски.
Во пресрет на средбата со заменик-помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар, Мицкоски порачува секој со добра намера е добредојден во Македонија. Вели дека јасни се ставовите на опозицијата кои ќе му бидат бидат кажани и на Ескобар.