});

Михаел Рот во посета на Македонија

И покрај уверувања од Државен завод за индустриска сопственост, дека со промена на уставното име нема да се сменат ознаките на македонските брендови-дилема која не само што ја начнаа,туку и гласно проговорија охридските занаетчии,македонскиот министер за надворешни работи Димитров, кажа дека прашањето со трговските марки не е затворено и допрва ќе се решава.

– Со трговските марки прашањето не е затворено во договорот, договорот само кажува само како тоа прашање ќе се третира.Ние инаку  имаме повеќе трговски марки со името Македонија, македонски и тн ,ќе се најде начин како тоа ќе функционира.Ова не е само важно само за идентитетскиот дел, туку важно е и за комерцијалниот интерес.-Изјава Никола Димитров-министер за надворешни  работи на РМ.

 Со цел да се најде решение ,ќе се формирало тело од македонски, грчки биснисмени како и меѓународни експерти, а до тогаш се ќе останело по старо,убедува Димитров.

 Не смееме да дозволиме промената на државното име да се одрази и врз македонските брендови,заветот на нашите претци мора да го сочуваме-порачаа вчера охридските занаетчии.

Во Македонија,до сега се заштитени 42 ознаки на потекло од нив 5 се заштитени и меѓународно а тоа е охридскиот бисер, македонскиот ајвар, две врсти на вина и кочанскиот ориз.

Покрај проблемот со трговските марки, на денешната дебата во Охрид, на која присуствиваше министерот за Европа при германското МНР, Михаел Рот,разреши уште една дилема за која во изминатиов период медиумите шпекулираа. Прашан, дали е точно дека македонските граѓани од 1-ви јануари идната година ќе може да работат во Германија со македонски пасоши, Рот дипломатски,рече дека во Германија има голем број македонци кои живеат и работат и оти биле богатство за германското деловно работење,но не е се така розово.

– Сепак на крајот на краиштата за нивното вработување во Германија нормална работа е денес дека постои визен режим, шенгенската зона меѓутоа ќе направиме се што можеме да го олеснеме тој визен режим.-Изјава Михаел Рот-МНР Германија.

Македонците пишуваат историја и тоа не само национална туку европска, -истакна Рот. Ова е голем влог,јасно е дека договорот тешко поминува и во Грција тоа значи дека е одвај најден заеднички јазик за ова  натпартиско прашање–додаде неговит македонски колега на дебатата на Античкиот театар,наменета за млади и невладини организации на која присуствуваа едвам 50-мина.

 Росица Голабоска