Митровски: Се добива впечаток дека ДУИ е заштитена како бела мечка

За предлог-законот за СЈО со кој се прошируваат неговите надлежности, не е јасно како предлагачот го има осмислено она СЈО да ги гони странските амбасадори, вели адвокатот Јанаки Митровски.

-Нејасно е гонењето на странски амбасадори, бидејќи тие се изземени од одговорност, бидејќи имаат дипломатски имунитет, и не може да бидат гонети. И не треба да се заборави дека СЈО беше формирано со консензус на сите четири најголеми политички партии, вели Митровски.

Според него, патијата ДУИ е како „заштитена бела мечка“, во однос на случаите на СЈО.

-Па, излегува дека ДУИ се како „бела мечка“. Само една постапка има. Се добива таков впечаток. Како да се заштитени, вели Митровски.