НАЈНОВИ ВЕСТИ

Митровски за Алфа: Стана пракса секој еден што има проблеми со законот да се самопрогласи Бугарин и да очекува заштита од Бугарија

Понизноста на македонските власти кон Бугарија, не доведе во ситуација секој кој би се нашол во клинч со законот, во своја одбрана да се самосвести дека е Бугарин. Според адвокатот Јанаки Митровски, минатиов период сме можеле да видиме примери на луѓе, кои поради стравот од кривичен прогон се самоосвестуваат дека се Бугари.

-Би ги надополнил примерите и со господинот Пендиков и со господинот Ване Цветанов, кој како се најде под кривичен прогон и покрај тоа што години наназад е возрасен човек, повозрасен од мене, се почуствува Бугарин. Стана пракса во Македонија да секој еден кој што има проблеми со законот да се почуствува Бугарин и со тоа да очекува заштита од бугарската држава, изјави Митровски.

Според Митровски голема вина за ваквата ситуација имаат и самите македонски власти, кои барем во јавноста слепо веруваат во вистината која си ја кажуваат самоосвестените Бугари.

-Ќе ве вратам и малку поназад на случајот со господинот Ламбе Алабаковски, каде што министерот Спасовски тотално излегувајќи од своите ингеренции законски, вршеше притисок и јавно кажа дека МВР ќе бара притвор, иако МВР нема никакви ингеренции по тоа прашање, бидејќи тоа е во ексклузивна надлежност да бара Јавното обвинителство и да одлучува судот, изјави Митровски.

Пример за тоа е министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој отиде дури и во Софија да го посети Христијан Пендиков во болница. Тој веќе пресуди дека охриѓанецот, бил нападнат поради тоа што се декларирал како Бугарин, иако судскиот процес за овој настан се уште не е завршен, а постојат основани сомненија дека причината за кафанската тепачка е сосем друга, бидејќи станува збор и за човек осомничен за трговија со дрога.

-Мене ми е важно тоа што го кажува самиот Христијан и мајката на оштетениот дека е тоа поради изразување на етничка припадност или одбележба. Покрај тоа што сторителите кажуваат обратно дека имале претходно некои разлики, мене ми е важно тоа што ќе го каже оштетениот и родителите, изјави Османи во интервју за БТВ на 24-ти јануари годинава.

Реториката на македонските власти одлично си ја користи официјална посета, која ни испраќа пораки дека секој наобичен инцидент е поради омраза кон Бугарите, без за такво нешто да има и најмал доказ.

Матеја Петровски