Митовска: Оваа Влада само ветува, а ништо не исполнува

Нема реализација на ветувањата на Владата. Граѓаните очекуваат да се исполнат ветувањата, вели Слаѓана Митовска од ВМРО-ДПМНЕ, во дебатата на Алфа.

-Граѓаните очекуваат подобар стандард, а не газење на достоинството со промена на името. Тие очекуваат подобар живот, повисоки примања, плати, а не само зборови, вели Митовска.

Најголемата опозициска политичка партија не беше вклучена во процесот на спогодба со Грција, додава таа.

-Имавме и неуспешен референдум, и покрај се се продолжи со спроведување на она што сте го намислиле. Постојано се бара поддршка, без вклучување на најголемата опозициска политичка партија. Граѓаните се против спогодбата, а сега насилно се спроведува договореното со Грција. Деловникот на Собранието се крши, изјави Митовска.

ВМРО-ДПМНЕ е „за“ интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, но не и за промена на уставното име, додава Митовска.