Мисев: Со Преспанскиот договор не влегуваме во ЕУ, за во НАТО ќе видиме – а за возврат неповратно губиме се’

Со прифаќањето на договорот со Грција, нема да влеземе во ЕУ. Можеби ќе влеземе во НАТО, иако договорот и гласањето „за“ не го гарантира тоа – порачува Владимир Мисев, експерт на ОБСЕ и поранешен претседател на Институтот „Сосиетас сивилис“ од Скопје. Според него влегувањето во НАТО не носи подобра економска ситуација само по себе и нема да има видливи промени на краток рок. Дури и членството во светската здравствена или трговска организација има поголема вредност од членството во НАТО смета тој.

-За членство во НАТО треба да смениме СЕ, и НЕПОВРАТНО. Затоа што кога ќе го изгласаме на референдум дури и да не не примат нема назад. Тоа е. Крај. Не можеме пред светот да кажеме после „не важи.“ – коментира експертот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Во текстот невообичаен за експерт на ОБСЕ, Мисев објаснува зошто не треба да се гласа на референдумот.
-Џабе кампања. Не треба да се вика кампања. Треба да се вика „пребројување, присила и мобилизација за гласање“. Тие што се убедени да гласаат „за“, ќе гласаат, тие што се убедени да не гласаат нема да глaсаат, е сега работата е тие што ќе гласаат „против“ да ги кандисаме да не гласаат. И драго ми е што ВМРО немаат став за бојкот затоа што нема да не запишат таму. Туку ова е прашање за кое треба да се има став како Македонец – пишува Владимир Мисев.

Тој коментира дека оние што се „За“ референдумот чувствуваат дека оние против им ја крадат иднината. Тие што ќе бојкотираат пак, сметаат дека поддржувачите на Преспанскиот договор им го крадат минатото, а иднината им ја оставаат целосно неизвесна. На сето тоа прашањето за референдумот е недостоинствено, Договорот е капитулантски, содржи неверојатни отстапки, а гаранциите за јазикот се вештачки. Конечно, вели Мисев, не треба да се гласа, затоа што после големиот неуспех кој ќе следи по референдумот (не влегувањето во ЕУ, нерасчистувањето со корупцијата, лошиот животен стандард) ќе се обвини народо , демек НАРОДОТ ТАКА ОДЛУЧИ и да се има колективна одговорност. Доколку се одбие да се одговори на прашањето, сепак ни останува некаква можност, подобра преговарачка позиција за да добиеме повеќе во меѓународна политика од само членство во НАТО, заклучува експертот на ОБСЕ Владимир Мисев.

Драган Милосављевиќ