Мирна новогодишна ноќ во источна Македонија – петардите главен проблем

Традиционалниот новогодишен порок петардите, беа причина дванаесетгодишно момче од Штип нвогодишната ноќ, наместо со другарите да ја помине во болница.

Сакајќи да ја збогатат новогодишната еуфорија неколку петарди ставиле во тенџере. Од пукањето тенџерото летнало и удрило во главата на едно од децата. Со тешки повреди момчето веднаш е хоспитализирано на хирургија.

Во текот на новогодишата ноќ во Штип е регистрирана и една тешка сообраќајна незгода. 12годишно девојче се здобило со тешки телесни повреди. Поради повредите девојчето е хоспитализирано на ортопедија.

Полни раце работа имала штипската Брза помош. Во текот на ноќта имале четириесет амбулантски прегледи и тринаесет домашни посети.

Генерално новогодишната ноќ во источниот регион поминала мирно. Регистрирани се неколку нарушвања на јавниот ред и мир, но без серозни последици.

Александра Ристевска