Министерството на Артан Груби го крши Рамковниот договор и правичната застапеност

Токму институцијата која што треба да се грижи за етничката застапеност и спрведување на рамковниот договор, не ги почитува принципите на мултиетничкото општество. Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците не го почитуваат ниту стариот, ниту новиот балансер за вработување по етничка припадност.

Енигматичното министерство под раководната палка на така-наречениот прв-вице премиер Артан Груби, од вкупно 404 вработени само 37,62% се Македонци, а 52,74% се Албанци, додека пак 4,21%, се Турци, 2,23%, се Роми и 1,24% Бошњаци, додека пак другите етнички заедници не се застапени ниту со еден процент од вработените.

Според новиот балансер кој што е зансован врз метематиките на министерството за информатичко општество и админстрација, секој трет државно вработен треба да е Албанец, односно 31,54% од администацијата. Министерот Адмирим Алити ваквата пресметка си ја направи своеволно, спротивно на последниот попис на населението, како и спротивно на законот за вработени во јавниот сектор, со тоа што за вработување во јавната админстрација ги зема во предвид и попшаните граѓани од дијаспората, а не само оние кои живеат на македонска територија.

Своевремено, државниот завод за статистика писмено ги предупреди институциите за погрешноста на балансерот за вработување, бидејќи според законот за вработените во јавниот сектор, новиот балансер треба да ги земе во предвид бројките кои произлегуваат само од резидентото население, а не и оние од дијаспората.

Инаку, за информации околу вработените во министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците, Алфа ТВ чекаше безмалку еден месец и со барање за информации од јавен карактер мораше да се обрати до генералниот секретераријат при владата, бидејќи на официјалната веб старна освен информации за тоа каде бил, што рекол и со кого се сретнал Артан Груби, до неодамна немаше објавено ниту лице за контакт, ниту пак лице за пристап до информации од јавен карактер. Воедно, од министерството велат и дека не располагале со информации за просечната плата за своите ваботени и се правдаат со тоа што сметковотството им било раководено од службата за општи и заеднички работи.

Никола Цветкоски

Advertisements