Министерот се отвори: Како Бујар Османи ги сфаќа пораките од Брисел?!
Сме имале политичка поддршка, ама не сме биле доволно добри во спроведувањето реформи, поради тоа Европската Комисија го одбила предлгот на Шарл Мишел за проширување на Европската Унија, првиот дипломат се и отвори и призна – не чека многу повеќе работа од она што властите ги убедуваат граѓаните. Додека Ковачевски и колегите се на ставот дека со Бугарите во Устав ќе имаме непречен пат кон ЕУ, Османи вели дека пораката од Брисел била јасна, мора да се работи сериозно на исполнување на критериумите, потенцирајќи дека одлуките на Европскиот Совет со кој раководи Мишел, се само политички, а не базирани врз исполнувањето на критериумите за членство.
-Комисијата проверува објективно дали ги исполнуваме критериумите, тие немаат политички мандат. И за тоа Комисијата вели политичките одлуки вие ги носите земјите членки, за мене е важно кој ги исполнува критериумите, бидејќи јас давам извештај. Така да Европската не ја демантира пораката на Шарл Мишел, само вели за мене вие одлучете како сакате за тајмингот, за мене е важно дали сте ги исполниле критериумите. Бидејќи двете институции различни перспективи од проширувањето гледаат, изјави Османи.
По оваа одлука на Европската Комисија и пораката на францускиот претседател Емануел Макрон, дека Европската Унија тешко функционира со 27 членки, а уште потешко би било со 32 или 35, според Османи сега не било толку важно да станеме полноправна членка на Унијата, туку важно им било да дојдеме до европвските пари и фондови, бидејќи земјите членки добивале многу повеќе пари од нас. Сепак потенцира остануваат оптимисти дека до 2030-та ќе сме станеле членка.
-Ние 160 евра, тие 4.700 евра по глава на жител, дајте и ние да добиеме ако не 4.700 евра, да добиеме 3.000 евра по глава на жител до членство, право на вето ќе добиеме тогаш, нас не ни е важно толку правото на вето. Нас ни е важно да имаме пристап до пазар, пристап до пари, пристап да политики на Европската Унија. Тоа е концепт кој ние го туркаме како Министерство за надворешни работи и како Владата, изјави Османи.
Околу изјавата на Макрон, дека ја замислува Европската Унија со реформи во „повеќе брзини“, што беше од најголем број од познавачите протолкувано дека нема сите земји членки нема да имаат ист статус и исто право на глас во ЕУ, Османи вели дека од француската министерка за надворешни работи во Блед, добил уверување дека францускиот претседател не мислел така и се надева дека можел да и верува.
Матеја Петровски