Министерот Лога го потпиша решението со кое се одбива името на бугарскиот клуб “Иван Михајлов“

Министерот за правда го одби како неосновано барањето на бугарското здружение Културен центар ,,Иван Михајлов“ од  Битола во својот назив да го употребува  ова име. Потегот на Лога следуваоткако комисијата за употреба на имиња на личности даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов поднесено од истоимениот битолски Културен Центар.

Министерот Лога го потпиша решението имајќи го предвид негативното мислење на Комисијата за употреба на имиња на личности која денеска одржа седница и во образложението за негативното мислење наведе дека именувањето на какво било здружение на граѓани со името Иван (Ванчо) Михајлов претставува навреда и провокација на националните чувства на македонскиот народ со оглед на неговото јавно и постојано негирање на македонскиот идентитет, јазик и култура – велат од Министерството за правда.

За потсетување,од здружението “Иван Михајлов” се изјаснија дека не само што нема да го менуваат името на здружението,туку и дека правата ќе ги барале пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.Но од бугарското здружение цар „Борис Трети“ од Охрид, поднесоа барање за промена на името, но не комплетно-велат од Централниот регистар.Во соопштението кое го испратија попладнево стои дека донеселе решение со кое барањето за усогласување од страна на  Здружението Цар Борис III од Охрид се одбива.

Централниот регистар го одби барањето за усогласување од страна на  Здружението Цар Борис III од Охрид  од причина што од страна на  здружението до Централниот регистар во законски предвидениот рок од 30 дена не се доставени бараните документи дадени во известувањето ,  во согласност со Законот за здруженија и фондации – велат од Централен регистар.

Инаку на фејсбук страна на организација Фондација Македонија, повикувајќи се на изјава која претседателот на здужението Томе Блажески ја дал за извесен портал, тврдат дека од Цар Борис не поднеле барање за промена на името на здружението. Во врска со ова се обидовме да стапиме во контакт со Блажески, но безуспешно. Случајно или не,телефоните на добар дел од членовите на Цар Борис III денеска беа искличено. Но, новоосвестен бугарин кој сакаше да остане анонимен, а е познат на нашата редација вели дека во меѓувреме,во  здружението имало смена на лицата кои претходно биле поставени на одредени одговорни позиции и дека преку ноќ за секретар бил поставен Христијан Пендиков, кој сега ужива лагоден живот во Бугарија под закрила на тамошните власти,по инцидентот со тепачката- случај кој влегува во Европскиот Парламент,односно во извештајот на европската комисија.Што се случува со здружението не знаеме, ниту ние не испеаваме да стапиме во контакт со Блажески, бидејќи целосно не изолира, а сакавме да дознаеме дали ќе има промена на името на здружението,вели нашиот соговорник кој како што вели од за него непознати причини одредено членство се држи на страна од здружението каде сега фугурираат нови лица.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста