Министерот Бујар Османи ќе потроши речиси два милиони евра за само една конференција во декември

Министерот Бујар Османи ќе потроши речиси два милиони евра за само една конференција која треба да се одржи во декември. Елмедин Адеми внукот на поранешниот министер Абдулаќим Адеми и неговата градежна фирма Еуровиа од Желино ќе добијат 1.8 милиони евра за преадаптација на спортската сала „Борис Трајковски“ во пресрет на министерскиот состанок на ОБСЕ со кој претседава Македонија.

Согласно договорот, по завршувањето на состанокот, целиот ентериер треба да биде демонтиран и спортскиот центар да се врати во првобитна состојба, па оттука и прашањето што ќе стане со опремата вредна речиси 2 милиони евра кои ќе ги земе Еуровиа од Желино.

Алфа постави прашање до раководството на спортискиот центар, но директорор Филип Даскаловски за одговори не препрати до МНР.

За сите прашања може да се обратите до министерството за надворешни работи. Ние како институција немаме никаква поврзаност со тендерските постапки кои се однесуваат во насока на одржувањето на министерскиот самит, вели Филип Даскаловски, вд  директор на спортски центар Борис Трајковски.

Градежната фирма Еуровиа за неколку месеци добила на тендер неверојатни 4 милиони евра од државната каса. Освен Министерството за надворешни и министерството за внатрешни работи во мај годинава склучило  договор со истата Еуровиа од Желено за изградба на полициска станица во општина Ародром вреден 2.1 милиони евра.

Фирмата која ќе ја гради полициската станица е избрана од „четврта среќа“, откако претходно три пати постапката била поништувана.

Исто така оваа фирма и нејзиниот сопственик Елмедин Адеми за најголеми донатори на ДУИ за 2022 и дури го имаат надминато законскиот лимит??!

Додека министерот Бујар Османи решил за организиција на  состанокот да потроши милиони од државната каса за столчиња и маси кои се потребни само неколку дена, за речиси сума од 2 милиони евра може да се изгради од темел целосно нова спортска сала.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста