Министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли во работна посета на Македонија

Министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли ќе престојува во работна посета на Македонија, при што ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

 Во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи во рамките на стратешкото партнерство меѓу двете земји, сојузништвото во рамки на НАТО, предизвиците на претседавање на земјава со ОБСЕ, како и останатите актуелности од областа на надворешната политика.

За време престојот во Скопје, министерката Жоли ќе оствари средби и со Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, како и со министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста