Министерката за култура се правда дека за пропаста на драмски театар виновно е раководството, а за универзална сала градот

Министерката за култура се правда дека за пропаста на драмски театар виновно е раководството, а за универзална сала градот

Додека драмскиот театар во Скопје се распаѓа, надлежните си ја префрлаат одговорноста. Откако директорката Петровска порача оти театарот не можел сам и пари за реконструкција чекале од министерството за култура, сега министерката Костадиновска-Стојчевска со контра одговор. За да дадат пари, театарот требало да им достави проект за реконструкција. Таа не заборави да се огради ниту од ингеренциите на локалната власт.

  • „Јас ја повикувам и општината да пристапи кон уредување на сиот тој простор, затоа што, точно одговорила директорката, средствата за реконструкција внатрешна и она што подразбира од надворешна реконстуркција е на министерство за култура, меѓутоа тоа не значи дека треба цел простор околу драмскиот театар што не е во надлежност на министерството за култура, да треба да биде уреден“ – Порача министерката.

Како и ред други културни установи, во уште по очајна состојба од драмскиот театар е култната Универзална сала, која како обележје на главниот град бдее полу разрушена додека центрлната власт чека на документи од градот, иако ја преземаа надлежноста.

  • „Од Град Скопје се уште немаме добиено ниту одлука, која што беше изгласана на последната седница на советот на Град Скопје, а ниту сме ја добиле и документицијата. Како што напоменав и пред неколку дена, кога сето тоа ќе го добиеме, ние сме веќе припремени во министерство за култура за веднаш да се фатиме за работа“ – Истакна министерката.

Министерката се правда дека во Македонија сме имале толку многу културно-историско наследство, што едноставо било невозможно се да се оддржува и реконструира. Додека пак оние за кои реконструкцијата е започната и заглавена, останува да го изодат долгиот пат на бирократските лавиринти.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста