Министерката за култура се искара со охриѓани – ги обвини дека цените наликувале како да се плаќа воена отштета

На шеесет и третото Охридско лето не грмна само гласот на романската оперска дива Анџела Георгиу-како гром од ведро небо, на изненадување на илјадната публика, грмна и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Искористувајќи ја сцената на еден од најдобрите пет елитни фестивали во Европа, најпрвин зборуваше за лошите и лажни вести кои секојдневно се пласирале како ударни наслови,а потоа сред Античкиот театар ги подбра и охридските угостители.

-Летната сезона во Охрид не трае долго и затоа квалитетот, а не квантитетот му прилега на овој древен и скапоцен македонски град затоа би сакала да пренесам една порака, рече таа.

 Поради Охридско лето и годинава на гости ќе ни дојдат многубројни уметници од целиот свет,ги замолувам угостителите да не им наплатуваат како да треба да платат воена оштета или некои други ненамерни долгови од векови наназад”-рече министерката за култура.

Охридските угостители огорчени,ова е велат чист политички популизам, отворањето на фестивалот и велелепната сцена на Антички не е мегдан за препукување нити за докажување. Да беше државата и лицата што ги водат државните институции и министерствата коректни кон угостителите и да ги исполнеа своите обрски кои ги превземаа во континуитет за време на пандемијата и кризата со енергенските, угостителите ќе можеа да бидат многу пофлексибилни и да излезат во поголем пресрет на гостите-реагираат од независната угостителска комора.

 Државата не ги простува долговите туку ги каматира, а угостителите единствен начин да можат да работат профитабилно и да ги надохнадат трошоците и загубите што се нагомилани во изминатиов период далеку од тоа дека станува збор за некој 19-ти век,станува збор за последните 2-3 години и оваа година пристапија со прилагодени цени спрема пазарот и останатите туристички центеи во регионот”-вели Здравко Јосифовски.

Инаку,за прв пат од постоењето на Охридско лето немаше директен пренос на националниот сервис, а снимателите кои беа уредно акредитирани и присутни на свеченото отворање, воопшто не смееа да го снимаат настапот на познатата сопранистка. Дозволено беше снимање само на обраќањата на Преседателот на државата,министерката за култура и музичкиот селектор ,како и палењето на фестивалскиот оган.

Росица Голабоска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста