Милиони евра за информатички услуги, секој месец пари од осигурениците – ФЗОМ и натаму хакиран

Фондот за здраство во изминатите 10 години потрошил безмалку 3 милиони евра за информатички услуги, за веќе цела една недела да не може да го врати системот и податоците на граѓаните.

Најновите информации се дека фондот решил да направи промена на информатичката компанија која ги штити и одржува системите, а некој вешто ја злоупотребил таквата прилика.

За несоодветниот менаџмент и надзор од страна на фондот врз работата на информатичките компании кои ги ангажираат, веќе предупредил и државниот завод за ревизија, кој освен на за ова, детектирал потфрлање во скоро секој сегмент во работењето на фондот за здравство.

  • Не се донесени ИТ стратегии за развој на информацискиот систем, заштита на податоците и функционирање на системот по евентуални катастрофи.
  • Секторот за ИТ, во последните години се соочува со перманентен одлив на вработени.
  • Серверската структура во систем салата на Фондот е застарена.
  • Не е обезбедено одржување, ниту секундарна локација на истата.
  • Не е функционален набавениот софтвер

Ова се само дел од пропустите кои ги забележале ревизорите, поради што во јавноста се поставува прашањето, за какви информатички услуги фондот потрошил безмалку 3 милони евра од државниот буџет.

Засега најодговрните, директорите Ахмети и Филиповска-Грашковска, воопшто не се појавија во јавноста, ниту пак одговараат на бројните повици од новинарите да дадат објаснување или да преземат одговорност за состојбата.

Од институцијата која ја предводат, постојано уверуваат дека сензитивните здравствени податоци и медицински историјати на граѓаните се безбедни, но, ова тврдење го поби премиерот Ковачевски, кој кажа дека станува збор за т.н. „рансомвер“ напад. Хакерска операција која заробува важни податоци и информации, а подоцна бара да се откупат за да ги вратат.

Што значи дека веќе цела една недела, некој практично ги има киднапирано најсензитивните здраствени податоците на граѓаните и ја уценува државата. Во јавноста се шират шпекулации дека за откуп, тие од Македонија бараат да им исплати „биткоини“ во вредност од неколку десетици милиони евра.

Никола Цветкоски

Advertisements

Поврзани вести