Миле Јанакиески експресно спроведен во Идризово

Драги Рашковски во куќен притвор, Миле Јанакиески пак ексресно заврши во затворот во Идризово..Поранешниот министер за транспорт врски, Миле Јанакиески попладнето беше спроведен на издржување на затворска казна од три години и шест месеци за случајот „Титаник“, иако тој бараше од Кривичен да не оди во затвор туку да му биде пресметано времето поминато во притвор. Сепак судијата за извршување санкции издал наредба за негово спроведување во затвор. Јанакиески беше спроведен од неговиот дом.