Мизерни услови во струшката болница

Во струшката општа болница од почетокот на фебруари,поради дефект на опремата за анестезија, односно гасната станица,отежнато е фукционирањето на хирургија каде оперативниот дел на одделението се до вторникот, 3 недели не работеше. Иако надлежните тврдат дека проблемот е решен, животот на пациентите сеуште се става во опасност, бидејќи и натаму се чека да се смени дел од расипаната и стара опрема.

Др.Златко Лазаревски-хурург: Да имавме проблем, проблемот е делимично решен. Најважно е ние да работиме и ги опслужуваме нашите пациенти, а проблемот се надевам во најскоро време ќе биде комплетно решен. Расипаниот дел сеуште чекате да го сменат ? Да, така барем не известија сервисерите.

Пациентите изреволтирани,велат дека е страмно врвните хирурзи во струшката болница да работат во мизерни услови,стравувајќи да не загубат нечиј живот поради негрижа на здравствените власти.А

Во струшката болница – како во кошница, врие од пациенти. На хирургија, каде има само 16 кревети и две операциони сали,дневно се прават и по 5-6 операции, едни легни, други стани. Пациентите како да чекаат хотелска соба а не болнички кревет. Ние не шиеме кошули, туку спасуваме животи, велат лакарите кои кажуваат во какви услови работат.

Др.Златко Лазаревски-хурург :Секако дека треба обновување, времето оди напред, знаете како се’ се менува така да изискува.Имаме дел, делимично нова опрема, меѓутоа просторно се гушиме буквално.

Осум години се ветува реконструкција на болницата во која изминативе години често се случуваа дефекти на дотраената медицинска опрема.Се случуваа и такви инциденти што поради оптовареност, болницата остануваше и без струја.

Росица Голабоска