Мизерен болнички оброк – пацинети се жалат од храната која ја добиваат на Клинички

Ориз со пилешко ама не месо, туку само коска, супа и леќа, по некоја пржена пиперка малку сиренце и сув леб – ужасни болнички оброци за пацинетите на Клинички и останатите здравствени установи. Без разлика дали се деца или возрасни, храната за сите е иста. Пацинети и родители на деца револтирани и згрозени од менито кое им се служи во болнички услови на социјалните мрежи споделуваат фотографии од оброците.Велат ова е тотална катастрофа.

Ова лепче е вечера во Клинички центар – Скопје, без јогурт, чај или млеко – празна кифла. За ова имам плаќано 46 години здравствено осигурување, ова е срамно и жално за пациенти што лежат со денови, недели и месеци, а нема кој да им донесе храна. Јас му ја подарувам на Министерот за здравство нека ја изеде и нека оздрави.вели пацинетка.

За ручек на Клиника имаме СУПА и ЛЕЌА во комбинација! Вчера имаше супа и грав! Ако некој јаде од вас дома ваква комбинација, нека пишепишува друг пациент.

Не е поразлична остојбата ниту на остананите здрасвтвени установи како што се Гинекологија Чаир и институтот Козле.

Дали и кој врши контрола каква храна им се дава на пацинетите во скопските Клиники и дали надлежните ќе преземат нешто за подообрување на условите за пацинетите.

Од Министерство за здравство се прогласија за ненадлежни, па не препратија кај заедничките служби на Kлинички. Прашавме и таму, но одговор не добивме.

Но не е само болничката храна мизерна, туку и условите за лекување на пацинетите не се поразлични. Спротивно на тоа – граѓаните редовно плаќаат здравствено осигурување за кое добиваат катастрофални услуги а некои од нив тоа го платија и со живот.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста