Миграцијата село – град си го зема данокот, намалено производството на храна

Вратрешната миграција во Македонија го зеде својот данок, повеќе од половина век селата се празни, полињата скапуваат,а земјоделските површини останаа необработени.Во трката за гола егзистенција не само младите, туку и старите бегаат од  работа во поле оти не им е исплатлива. Се’ помал е бројот на локалните производители оти во денешно време премногу е тешко велат од финансиски аспект да се почне со работа како домашен производител, а згора на се’ никој не не’ цени.

  • Нема интерес кај младите, мислат дека брзо можат да заработат тоа е проблем, ова ништо не е лесно.Сето тоа сака работа макотрпна,криза економска е, а мислат дека денеска можат лесно да заработат рече  Димитар Јовчески-проиводител:.
  • Ова е веќе последниот момент кога треба трезвено да седнеме и сите заедно да разговараме на оваа многу важна тема.Многу веќе ги имаат затворено своите бизниси рече проф.д-р. Ангела Паскуале-Ф.Т.У:.

Државата наместо да ги субвенционира земјоделците,не ги препозна како некој во кој треба да се вложува-велат познавачите на приликите и сугерираат час поскоро посебно во оваа економска криза која се продлабочува, да се поттикне претприемачкиот дух кај младите кои масовно се иселуваат не само руралните средини и градовите, туку и од Македонија.Ги прашавме на што се должи сето ова?

  • Генерално на состојбата во државава,младите заминуваат надвор, се помалку има луѓе кои останале да произведуваат некакви работи. Можеби треба и поголемо внимание државата да посвети на производителите со некои мерки кои би дале резултат за понаката.Иначе за неколку години ние ќе немаме патлиџан, пиперка од кого да купиме,сирење ќе нема изјави Насто Богоески-угостител.
  • Еден од поголемите проблеми на вкупната наша економија мислам дека е неорганизираноста на субјектите за настап не само на странските пазари, туку неорганизрано се настапува и на домашните пазари.И кога велам за настап на меѓународните пазари не мислам само за настап при продажба, туку напротив мислам и при набавка изјави проф.д-р.Јованка Биљан ФТУ Охрид.

Поддршката на домашното производство е важна не само од економски апспект,многу е битно и од промотивен аспект бидејќи секој кој што ќе дојде во Македонија сака да ја проба локалната храна,тоа што е странско тој го има кај себе на меѓународните пазари и може да го купи од каде што сака.

Росица Голабоска 

Advertisements