НАЈНОВИ ВЕСТИ

Меџити нарече пациент што се бори за живот „шоумен„ – за навредата ќе добие тужба во Стразбур

Срамота е, наместо лекови, ниe добивме ваков министер за здравство, со што го заслуживме ова – бурни рекации по скандалозната изјава на министерот за здравство Меџити кој пациентот што се бори за живот и моли да го добие лекот „трикафта„ го нарече шоумен. Бруталното обвинување на министерот се однесуваше на пациентот со цистична фиброза Игор Пехчевски кој со месеци очајно моли за лекот преку медиумите. Тој во изјава за Алфа, бара јавно извинување од Меџити и најави тужба до судот за човекови права во Стразбур.

Инаку Меџити, кој повеќе се занимава со паркингот на клиничкии и со менување директори, вчера во настап за „Макфакс„ го нападна Пехчевски испровоциран од прашањето дали пациентот ќе го добие лекот ако му се влоши состојбата.

„Вие знаете дека пред два месеци излегуваше еден пациент и правеше шоу на телевизија. Не може пациент да одлучи дали му треба лек или не му треба лек. За тоа во Македонија има профисионалци кои одлучуваат затоакажа Меџити за „Макфакс“.

Изјавата на Меџити предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, а граѓаните реагираат дека политичарите се виновни што земјата се наоѓа во ваква ситуација.

– Болните бараат лек, а вие политичарите правите циркуз од здравството, образованието и целиот систем, вели еден граѓанин.

– Никој не прави шоу, вие само си ги зголемувате платите, а пари за луѓето со тешки болести нема. Сè уништивте, се пожали корисничка на фејсбук.

– Се бори за живот и тоа е многу? Не смее да се бори ли за живот? Кога ќе дојдете на власт, веднаш заборавате сè, обвини друг граѓанин.

Најновото ветување за болните од цистична фиброза од здравствените власти е дека „Трикафта“ до крајот на годината ќе добијат најмалку 42 пациенти. А на листата не чекање се 120 пацинети.