Меѓународната јавност повторно со вперен поглед кон Косово

Меѓународните институции и организации повтороно го вперија своето внимание кон Косово, откако околу 600тина срби си поднесоа оставки, а косовските институции останаа без ниту еден србин. За нешто помалку од 1 ден, кај нашиот северо-западен сосед се случија серија средби и состаноци помеѓу државно-политичките лидери и дипломатските претставници.

Ксовоската опозиција го критикува тамошниот премиер Албин Курти затоа што ги прекинал односите со САД и не ги исполнувал нивните барања, додека пак Курти тврди оти неговата влада има зголемена координација со меѓународните институции и сојузници, а санкциите за оние кои нема да ги променат регистарските таблички на авомобилите ќе продолжат.

Меѓународната заинтересираност и бројните координации и состаноци во Косово следат откако србите вработени во државните институции колективно си дадоа оставки. Безмалку 500 полицајци ја соблекоа униформата, косовоските судови останаа без судии срби, а истата субина ја доживеа и републичкото собрание.

Според тамошната српска заедница, ова следи затоа што не се почитувал бриселскиот договор потпишан пред девет години, во кој е предвидено формирање на заединца на српски општини.

Инаку, тензиите помеѓу Косово и Србија се засилија на почетокот на овој месец кога официјална Приштина започна да ја спроведува одлуката за пререгистрација на возилата од српски со косовски регистарски таблици, за Србите кои живеат на Косово.

Никола Цветкоски

Advertisements