Метеоролошкo цунами ја погоди Хрватска (Видео)

Синоќа делови од Јадранот беа погодени од невреме, а на островот Хвар се случи метеоролошко цунами.

Станува збор за ненадејни осцилации на нивото на морето поради брзите промени во воздушниот притисок.

Имаше плима, па осека, кога морето се повлече околу 105 сантиметри за само 10 минути. Дожд и грмотевици беа забележани низ целиот јадрански брег, а за 120 минути имало повеќе од 25.000 удари од молњи.