Мерко контра советот на градот- се тргаа педалинки од плажите во Струга

Градоначалникот Рамиз Мерко,не почитувајќи ја одлуката на гратските советници кои гласаа против неговиот предлог да се забрани паркирање на пловни објекти на гратските плажи,тој денес на терен ги испрати комуналните инспектори да ги тргнат педалинките.При тоа,дојде до вербален конфликт помеѓу сопствениците на педалинките и комуналните инспектори.

Сопствениците на педалинките се жалат на психичка тортура од страна на инспекторите.

„Дојде еден од коминална инспекција и ми рече вака:Ќе ти земам бензин 20 кг,ќе ти ги испрскам сите педалинки и ќе ти ги запалам.Значи ми се треси цела снага, по цела ноќ не спеме, ги вардиме педалинките сон немаме.Секој миг чекам ќе ми се запалат,жалосно е луѓе, изјави Мимоза Мојсоска-сопственик на педалинки.

„Ова моментално што се случува во Струга е срамно и покрај тоа што не се донесе на Совет оваа одлука,не се почитува.Се праќаат повторни испектори, повторно полиција за да бидеме угнетувани тука по плажите,а знаеме сите дека охридско крајбрежје не се под концесија издадени плажите.
Изјава Зиба Каим- сопственик на педалинки:Зошто тие ги прескокнуваат другите пловни објекти,доаѓаат само кај педалинките? Ако важи законот за нас, треба и за нив да важи“, изјави Ненад Гучески-сопственик на педалинки.

Комуналните инспектори велат дека постапуваат по налог на градоначалникот.

„Имаме наредба од градоначаникот да ја извршиме задачата тука да дојдеме на лице место да ја испитаме фактичката состојба,кој има одобрение нека седи,кој нема да ја крени педалинкатаНие направиме записник во петокот, му дадовме налог да одат да поднесат барање, ни еден нема поднесено барање“, Алиет Амер-комунален испектор.

Градоначаникот Мерко отворено,вели дека и да поднесат барања немат да им бидат одобрени, бидејќи не ги исполнувале безносните услови.И ова лето на струшкото крајбрежје нема да пловат педалинки-дециден е тој.

Росица Голабоска