Меркел: ова е мој последен мандат на чело на германската влада

Ангела Меркел нема да бара повторен избор за канцелар на Германија, како и за претседател на ЦДУ. Оваа одлука таа ја објави денеска, а доаѓа по дебаклот на нејзината партија на локалните избори во сојузната држава Хесе.

Во неделата, Христијанско-демократската унија на Меркел доби 28 отсто од гласовите. Иако тоа беше поголема поддршка од другите конкуренти, тоа беше значителен пад од 38,3 проценти што победи партијата на последните избори во државата во 2013 година.

–  Прво, на следниот конгрес на партијата ЦДУ во декември во Хамбург, нема да се кандидирам повторно како кандидат за претседател на ЦДУ. Второ, овој четврти мандат е мојот последен како германски канцелар. На сојузните избори во 2021 година, нема да се кандидидрам повторно како кандидат за канцелар, ниту како кандидат за Бундестагот и … Нема да барам дополнителни политички функции. Време е да свртиме нов лист. – изјави Меркел.

Популарноста на Меркел навистина се лизнува веќе долго време, со тоа што нејзиното справување со кризата со мигранти во 2015 година е главен придонесувачки фактор. Истражувањето во јули откри дека само еден од пет Германци се задоволни од нејзината перформанса како лидер.

Додека го објавуваше нејзиното повлекување Меркел одби да поддржи ниту еден од неколкуте членови на ЦДУ кои сакаат да ја заменат на лидерскиот стол.

Во меѓувреме, поранешниот лидер на парламентарната група на ЦДУ Фридрих Мерк, објави дека е подготвен да се кандидира за претседател на ЦДУ. Мерк не е единствениот кандидат, и генералниот секретар на ЦДУ, Анегрет Крамп-Каренбауер, сака да ја наследи Ангела Меркел.

64 годишната Меркел ја предводеше партијата ЦДУ од 2000 година и служеше како канцелар на Германија од 2005 година.

Додека ЦДУ се соочува со загуби во поддршката, десничарската партија Алтернатива за Германија  забележува пораст на популарноста. Во неделата добила 12 отсто од гласовите во Хесе, а сега има парламентарни места во секоја германска држава.

Елена Вришку