„Прв дојден, прв услужен“: Со 1.300 Субвенции за клима уреди Скопје ќе се бори против загадувањето

Град Скопје соопшти мерка која според процените на властите ќе го намали загадувањето на воздухот. Денес е објавен јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за купување инвертери и други современи уреди за затоплување.

Аплицирањето почна денеска и ќе трае додека не се потрошат предвидените средства. Доделувањето на субвенциите е по принципот „прв дојден, прв услужен“, субвенции се обезбедени за 1.300 домаќинства, за овај проект од буџетот на Градот се обезбедени 20 милиони денари

Субвенционирањето на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за набавка на посовремени уреди за затоплување за 2019 година ќе се финансира од Буџетот на Град Скопје за 2019 година. Висината на субвенцијата ќе биде во износ од 50 отсто од вредноста на уредот, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход, додека јавниот повик ќе се реализира согласно со принципот „прв дојден прв услужен“, наведуваат од Град Скопје.

Јавен повик со условите и критериумите за аплицирање граѓаните можат да го видат на интернет врската  www.skopje.gov.mk/Uploads/JavenPovik/Јавен Образецот – барање за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за набавка на инвертер клима уред за 2019 година граѓаните можат да го симнат од линкот.

Барањето за издавање потврда за подмирени обврски по основ на данок граѓаните можат да го преземат од http://www.skopje.gov.mk/