Менкиноски седна на обвинителна клупа затоа што го постави знамето со сонцето од Кутлеш
Во знак на поддршка со развиорени македонски знамиња и силни овации, топла народ пред охридскиот основен суд го пречека адвокатот Тони Менкиноски кој денес седна на обвинителна клупа,затоа што за време на христијанскиот празник Водици го постави40 метарското знаме со сонцето од Кутлеш на бедемот од Самоиловата тврдина кај Долна Порта.
–“Невидена будалија брука за правосудството, за што го судат, зошто е македонец, зошто се држи до македонските корења ,па она знаме ни беше државно така бракови, деца се раѓаа.И до каде ќе ја тераме вака, срам да им е на сите шо го гонат.
-Стварно значи ова да ми го кажеше некој ’63-та година кога татко ми го носеа во притвор бидејќи беше за македонските идеали и да освоиме македонска држава дека денес ќе ни се суди за тоа, ова не можам да го разберам и е поголем пораз за државата што не може да се замисли. Од тие причини ние го креваме гласот и ќе се бориме за нашите македонски права, а со симболот од Кутлеш тоа го почнуваме денеска и официјално”
Главниот претрес денес беше одложен бидејќи Менкиноски кој сам се брани не го добил барањето за поведување на прекршочна постапка,а треба да знае што содржи истото.
“Јас не се чувствувам за винивен и сметам дека воопшто не постои прекршок ,тие немаат закон според кој можат нас македонците да не репресираат за да не го истакнеме македонското знаме.Поради таа причина тие имаат подведено под нарушување на јавен ред и мир.Не постои закон, не постои меѓународен договор кој ќе ни ограничи нас, ние да не го истакнуваме македонското знаме од Кутлеш”-вели Менкиноски
На следното рочиште закажано за 4 јули, Менкиноски очекува во судницата да се појавиоваластено лице од МВР кое ќе го образложи обвинението против него. Мора да воспоставиме една пракса министерството за внатрешни работи веќе да научи дека во прекршочна постапка согласно закон мора да присустува на судењата кои ги поднесува против граѓаните на Македонија.Менкиноски го теретат за нарушување на јавен ред и мир за време на верскиот празник Водици. ова е првото дело,потоа ќе следи и друго кога на обвинителна клупа ќе седнат повеќе македонци кои на 27-ми април го развиорија знамето со сонцето од Кутлеш во знак на поддршка на уставобранителите.
Росица Голабоска