Менаџерка на маркет на вработените им наредила задолжително да се смеат

Насмевката е задолжителна бидејќи човек има работа и зема плата – ова е пораката која им ја пратила регионална оперативна менаџерка на колегите вработени како продавачи во еден од најголемите ланци супермаркети во Грција. Реациите се бурни, итоа не само од вработените, туку и од јавноста, пренесуваат грчките медиуми.

Смелата и арогантна порака бара од вработените да се насмеани цело време „затоа што имаат работа и добиваат плата на време“.

Менаџерката на „My Market“ составила поприлично долга листа на причини поради кои вработените во ланецот мора да се смеат.

„Наведувам неколку пирчини за смеење за оние кои имаат потешкотии да го прават тоа“, наведува менаџерката на почетокот на соопштението.

„Треба да се смеете затоа што:

-имате работа
-платени сте на време (за тие кои се жалат за 300 евра плата, споредено со нула, 300 е 300% повеќе)
-работите за компанија која ве почитува и има слух за вашите проблеми
-компанијата инвестирала пари за да имате работа
-платени сте за тоа
-купувачите во супермаркетите ви плаќаат, треба да им се заблагодарите со насмевка
-компанијата има толку добри понуди, што мораме да се рекламираме“

ВЕСТА ДОЈДЕ И ДО ВЕСТИТЕ ВО НАЦИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ

Менаџерката го завршува соопштението додавајќи дека „едвај чека да го види одговорот на вработените и резултатите од посетите на Тајниот посетител-купувач“ (инспекција која ќе гледа дали касиерите и касиерките им се смеат на муштериите).

На прашање на грчките медиуми од маркетот потврдиле дека такво соопштение навистина постоело, но дека се работело за „изолиран инцидент“.

„Во врска со ова би сакале да ве информираме категорично дека овој случај ја одликува и е некомпатибилен со културата, филозофијата и начинот на оперирање во синџирот маркети и неговите 10.700 вработени“, соопштуваат од My Market, додавајќи дека во меѓувреме бројот на вработени им се намалил на 10.699.

„Кој последен се смее, најслатко се смее“ – е веројатно пораката која вработените би сакале да ја испратат до сега отпуштената менаџерка.