Меланија Трамп конечно проговори за аферите на нејзиниот сопруг Доналд Трамп

Првата дама на САД Меланија Трамп изјави дека не се занимава со шпекулациите за наводните неверства на нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп.

Во интервју за мрежата Eј-Би-Си (ABC), запрашана за можните авантури на Трамп, првата дама одговори дека тоа за неа не е „прашање за грижа“.

– Јас сум мајка и прва дама, имам многу поважни работи за  размислување, вели таа.

Меланија досега не ја коментираше аферата на нејзиниот сопруг со  порно актерката Сторми Даниелс.

– Медиумите сакаат да шпекулираат. Не е секогаш пријатно тоа да се слушне, но знам што е точно, а што не е, вели Меланија Трамп.