Меган на само 1 месец пред породување, Хари ја држи за рака и внимава на неа (Фото)

Иако е во 8-миот месец од бременоста Меган носи високи потпетици, дели насмевки на сите и дури клекнува за да се поздрави со дечињата во Канада.

Меган Маркл и принцот Хари ја посетија Канада.

37-годишната актерка има живеено 6 години во Торонто и ја смета Канада за свој втор дом.

Меган во 8-миот месец од бременоста носеше зелен Erdem капут и впечатливи црни чевли. Парот заштитнички ги поставуваше рацете еден околу друг, а Хари и помогна на Меган и при излегувањето од автомобилот.

Тие го очекуваат своето прво дете наредниот месец, а на оваа кралска должност не пропуштија да се дружат со други дечиња и да вкусат разни колачи.

 Кралскиот пар во Канада: