Меган Маркл остана уште без една асистентка, трет отказ за само неколку месеци! (Видео)

Иако на деловен план е одлична, сепак војвотката Меган Маркл не е најдобра во односите со вработените во кралското семејство.

За помалку од една година, веќе неколку луѓе дале отказ од работното место во кралството, а изгледа дека ситуацијата не се смирува.

Личната асистентка Еми Пикерил, која работела со Меган Маркл, дала отказ, пренесува „Her“.

„Еми си заминува. Нејзините колеги се многу тажни, бидејќи таа е една од омилените членови на персоналот“, потврдил кралскиот извор.

Поранешната вработена го напушта имотот и оди во странство. Меѓутоа, најпрво ќе им помогне на Меган Маркл и принцот Хари да се сместат во новиот дом.

„Согласна е да остане и да им помогне кога ќе се роди детето и да им го организира домот, но потоа ќе продолжи понатаму – рекол пријател на Еми.

Пред Еми, отказ дала и Саманта Кохен, која работела за кралското семејство 17 години.

Минатата година, Мелиса Туабти дала отказ поради постојаниот притисок и стрес кој го доживувала на работното место.

Нејзината работа беше многу стресна. Мораше да се носи со бројни задачи од војвотката поради што беше под голем стрес. Често и плачеше – признал пријател на Мелиса.

Исто така, телохранителката која ја придружувала на разни патувања и се грижела за нејзината сигурност шест месеци, дала отказ на почетокот на оваа година, а изгледа дека Меган го „избркала“ и Едвард Лен Фокс, кој му бил десна рака на Хари 15 години.