});

Меган Маркл и принцот Хари ги избраа кумовите: Кралското бебе ќе го крсти холивудскиот актер и неговата сопруга

Војводата и војвотката од Сасек го очекуваат своето прво бебе кое ќе се роди во април наредната година. А според традицијата децата да се крстат до 40-от ден од нивното раѓање парот ги избра и кумовите.

Станува збор за актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал кои ќе бидат кумови на првото дете на принцот Хари и војвотката од Сасек Меган Маркл.

Оваа информација на англиските медиуми им ја откри член од кралското семејство и засега истата не потврдена ниту од кралската палата.

Сепак оваа вест не е изненадување за многумина, бидејќи актерот и принцот се многу блиски во последниве месеци.

За потсетување двата пара по кралската венчавка во мај замина на одмор на италијанското езеро Комо, а со нив беа и близначките на Клуни, Ела и Александра.