МВР со официјално соопштение: Во Арачиново полицајците биле виновни, а не нападнати- дали се повторува „пајакот“?!

Дали добиваме нов случај како оној со пајакот? Во Арачиново не биле нападнати полицајци, полицајците биле виновни, барем според официјалното соопштение на МВР. Додека за некои најобични случаи разрешница се чека со недели, месеци, па дури и години, овој случај полицијата го реши експресно за нешто повеќе од 24 часа.

Полициските службеници не ги презеле потребните службени дејствија, па сега ќе си одговарале. Од таму решија и да покорат медиумите, да не објавувале случаи како овој, бидејќи според нив не биле проверени.

-Од извршените проверки е утврдено дека тројца полициски службеници запреле возило „фолксваген“, управувано од малолетник, но не ги презеле потребните службени дејства, за што против нив се изготвени иницијативи за дисциплинска постапка, а во извршените службени разговори тројцата полициски службеници негираат дека било кој им се заканувал или вршел притисок врз нив. Затоа, апелираме пред да се проверат фактите да не се објавуваат дезинформации со кои се вознемируваат граѓаните, велат од МВР.

За разлика од оваа експресна разрешница на случајот, се уште не знаеме кој неовластено возел автомобил со полициски флешери, иако постоеле и видео материјали од истиот настан. Единствено што знаеме е дека тоа не бил синот на заменик министерот за внатрешни работи и висок функционер на ДУИ, Назим Буши, барем ако веруваме во зборовите на првиот полицаец Оливер Спасовски.

Овие два случаи во само два дена фрлаат сомнеж дека можеби нешто се крие од јавноста поради коалициони договори. Адвокатот Сашо Дукоски вели дека ова што го гледаме во Македонија во моментов, наликува на мексикансите картели.

-Очигледно е дека има некои должничко доверителски односи или политички односи во таа коалиција, кои што предизвикуваат вакво однесување, иначе вакво однесување е екстремно неразбирливо. Ова е во рамките на мексиканските картели, синалоа картел, вака ви влагаат во полициска станица и ви кажуваат како да се однесувате, изјави Дукоски.

Дукоски вели дека министерот не смее да кажува дека јавноста не требала да се интересира за вакви работи.

-И сега министерот вели не, да видиме не треба вие да се интересирате, па за што треба да се интересираме како граѓани, каде е тука јавниот интерес, каде ние ќе добиеме еднаш релевантна информација. Или ние треба да бидеме само како човечки рипки. Значи сега е викенд, утре од сабајле пуштете вести грандиозно ќе се пофали портпаролот на МВР како вечерва фатил 175 или 200 возачи, кои со алкохол, кои… страшна работа, изјави Дукоски.

Инаку, споре информациите овјавени во медиумите, полицајците биле набркани откако се обиделе да запрат возило кое било управувано од лице што не поседувало документи, по што тоа се задало во бегство. А откако патролата тргнала по него била пресретната од вооружена група по што морала да го напушти местото.

Матеја Петровски

Advertisements