МВР со детали за вчерашната акција во трговски центар во Скопје

На 20.09.2018 година околу 16 часот од страна на СВР Скопје се превземени мерки и активности на паркинг простор на трговски центар во Скопје. Извршен е преглед на три патнички моторни возила „Мерцедес“, „Ланчиа делта“ и „Голф“ во кои се затекнати пет лица и тоа О.Б. (34), Ш.А. (36) Ф.Л. (26) Е.И. (24) И Н.И. (22).

 

Од извршениот преглед, во едно од моторните возила е пронајден пиштол марка ТТ ксл.7,62 мм. Лицата се лишени од слобода и приведени во ПС од ОН Карпош.

СВР Скопје превзема активности и мерки за расчистување на случајот.