МВР: „Ренџ роверот“ бил управуван од полициски службеник со налог

Возилото „Ренџ Ровер Дискавери спорт“, било управувано од полициски службеник и со соодветен службен налог, соопшија синоќа од МВР:

– По извршените проверки, констатирано е дека на ден 2 август 2018 година, возилото „Ренџ Ровер Дискавери Спорт“ со регистарски таблички СК-9559-АЛ е управувано од полициски службеник вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти кој возилото го управувал со соодветен службен налог. Возилото во 13 часот и 35 минути го преминало граничниот премин Богородица и патувало на територија на Република Грција. Возилото е вратено во Република Македонија истиот ден, 2 август 2018 година, наведуваат од МВР.

Се најавуваат и дополнителни проверки и преземање соодветни мерки, доколку по утврдување на сите факти се утврдат неправилности.

За возилото марка „Ренџ Ровер Дискавери спорт“, сопственост на МВР, вчера дел од медиумите соопштија дека се наоѓа во Грција.