МВР не открива детали дали грабежите на 3-те банки во Чаир, Визбегово и Сарај се поврзани

Вооружените групи кои изматиов период ограбија три банки во Скопје, не биле само лица од Македонија. МВР во оваа фаза од истрагата не открива детали, дали грабежите на Халк Банка во Визбегово, Тутунска во Чаир и вчера во Сарај се поврзани? Начинот на кој биле извршени се поклопува.

Во последниов поериод се извршени три грабежи на банки, со вооружени лица. Станува збор за вооружени групи, истите не се лица само од Македонија. Ние работиме на случајот и во моментот додека трае истрагата неможе, да откриеме детали- вели Оливер Спасовски- министер за надворешни работи

И по 24 часа од извршената вооружена пљачка, вчера во скопски Сарај, нема ни трага ни глас од разбојниците.
Инаку, вчера во утринските часови беше ограбена експозитура на НЛБ Банка во скопски Сарај од страна на четворица разбојници, кои со автоматски пушки влегле во банката, заканувајќи им се на вработените и клиентите ги украле парите и избегале со џип.
На ваков сличен начин беше ограбена и тутунска банка во чаир. Вооружените разбојници побегнаа со голф а потоа во близина на качанички пат ги сокрија сопствените траги, со што го запалија возилото. И во халк банка лани, грабежот беше страшен, освен разбојниците што се закануваа и насилно се однесуваа кон вработените, меѓу кои беше и бремена жена. Разбојништвата досега не се расчистени.

Јована Грчева